Подготвени сте за големото финале на Influencer Awards?

Кој ќе биде Influencer Star?

Ви откриваме дел од подароците што ќе ги добијат најкреативните!

Настан што првпат се одржува во Македонија, а кој претставува можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција на нив потпишувајќи договор со покровителите на една од осумте категории на натпреварот и освојувајќи вредна награда. Датумот за Influencer Awards полека се приближува!

Пријавувањето во категориите Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle и Insta Man траеше до 15-ти септември траеше до 15-ти септември, но се’ уште може да се пријавувате во седмата, специјална категорија Happiness (Среќа), #ВклучиСеЗаСреќа, #МинутиНаСреќа, во која учество можат да земат сите учесници со навршени 18 години, без разлика на бројот на следбеници на Фејсбук и на Инстаграм. Испратете ни мејл на redakcija@ubavinaizdravje.mk со ваше име и презиме, линк до вашиот профил на Фејсбук или Инстаграм и чекајте ги нашите инструкции

Пријавените учесници веќе почнаа да ги извршуваат доделените задачи: на својот инстаграм-профил треба да објават 5 фотографии со производите на генералниот поддржувач на целиот настан Violeta, користејќи ги соодветните хаштази, и 5 фотографии со одредени производи од поддржувачот на категоријата за која се пријавиле. Сета своја креативност ќе имаат можност да ја покажат најдоцна до 30 ноември.

 

 

Потоа, забавата може да започне!

Стручно жири и гласовите од публиката ќе ги одберат најдобрите во секоја категорија, како и најдобриот меѓу најдобрите, односно главниот победник на целиот конкурс – Influencer Star. Ќе се оценуваат оригиналноста и креативноста, бројот на лајкови нема да биде пресуден.

На гала-настанот што ќе се одржи на 2 декември во Ragusa Rooftop 360 и на кој ќе бидат поканети сите учесници во мини-натпреварот, ќе бидат прогласени победниците. U&Z Influencer Star ќе добие годишен договор со генералниот поддржувач Violeta, 2 авионски карти од Turkish Airlines до која било дестинација во светот, У&З ваучер од Божиновски во вредност од 100 евра и насловна страница на магазинот „Убавина и здравје“.

Подароци (во вкупна вредност од 500 евра) го очекуваат и победникот на секоја категорија – вредни ваучери од познати брендови, патувања, викенд на Копаоник, парфеми, козметика, во зависност од категоријата во која победиле, како и можност да потпишат договори за соработка со клиентите што ја поддржале нивната категорија. На забавата ќе бидат поканети и многу од соработниците на магазинот „Убавина и здравје“,  кои веќе покажаа интерес за акцијата и новите инфлуенсери.

Сега е моментот да ја покажете вашата уникатност и да го зголемите своето влијание на социјалните мрежи!

Следете нè! Забавувајте се со нас!  Читајте нè! И станете Influencer Star!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.