Похувани жабји батачиња

Исклучително вкусен специјалитет

Вообичаено, луѓето имаат антипатија кон ова јадење, бидејќи месото од жаба не е месо што многу се користи во нашите краишта, но секој што пробал бара повторно, затоа што ова е исклучително вкусен специјалитет.

СОСТОЈКИ:

1 кг копанчиња од жаба

150 г брашно

3 јајца

лебни ронки

масло за готвење

сол

сок од лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Жабјите копанчиња се чистат убаво, се мијат, им се става сок од лимон и се посолуват, па се оставаат малку да отстојат.
  2. Во подлабок сад, се загрева масло на јак оган, а за тоа време копанчињата се валаат прво во брашно, потоа во изматени јајца, повторно брашно, па во лебни ронки.
  3. Кога маслото ќе стане врело, се спуштаат копанчињата едно по едно и се пржат додека добијат убава румена боја, односно додека станат крцкави.
  4. Со жабјите копанчиња се сервираат варени компири, сос со мајонез и со лук, зелена салата или друг додаток по желба.

Рецепт на Јасминка Иванова од Кочани

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.