Солена торта со туна и со зеленчук

Вкусна, корисна и убава на око

Оваа салата е моја инспирација и мој рецепт! Вкусна, корисна и убава на око. Од домашните, оцената е петка. Ви препорачувам да ја приготвите во посни денови или во топли летни денови.

СОСТОЈКИ:

1 кг компири

2 конзерви туна

300 г моркови

2 главици цвекло

2 главици кромид

1/2 китка магдонос

200 г зелени маслинки со пиперки

1 лимон

сол

црн пипер

маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Цвеклото, компирите и морковите се варат нелупени, па се лупат изладени.

Во компирите, се додаваат исечканиот магдонос, сокот од лимон, солта и пиперот, па се гмечи како за пире. По потреба, се додава малку вода од сварените компири.

Туната се гмечи со виљушка, морковите и цвеклото посебно се рендаат, кромидот се сечка колку може поситно, а маслинките се сечкаат на тенки кругови.

Салатата се реди: на чинијата, околу третина се става од пирето, потоа се нанесува туната и се попрскува со маслиново масло, а врз неа се нанесува кромидот. Потоа, се нанесува уште од пирето, а врз него изренданото цвекло и повторно се попрскува со маслиново масло. Врз цвеклото се нанесува малку од пирето, а потоа морковите.

Салатата се покрива со преостанатото пире и одозгора се украсува со маслинките. Меѓу редовите, наместо маслиново масло, може да се стави посен мајонез.

Рецепт на Наталиа Нацева од Велес

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.