Запечено свинско со павлака и со кашкавал

Вкусен и богат ручек

Ова јадење може да се послужи со парчиња пита, со динстани или со варени компири, со додаток по желба или со сезонска салата.

СОСТОЈКИ:

1,5 кг свинска кртина

200 г моркови

1 кутија свежи шампињони

1 главица кромид

2-3 лaворов лист

1 павлака

1 лажица брашно

200 мл бело вино

300 г кашкавал

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Се чисти, се мие, се сечка ситно, па се запржува кромидот во малку масло.

Потоа, се додава морковот сечкан на кругови, како и сечканите печурки на листови.

Во друг сад, се пржи месото исечено на помали коцки во малку масло и вода, а кога ќе се пропржи зеленчукот, во истото тенџере се додава и убаво издинстаното месо.

Се динстаат заедно и понатаму, а потоа павлаката се меша со една лажица брашно и со 200 мл бело вино, па и оваа смеса се додава во тенџерето.

Се динста уште 15 минути, потоа целата содржина се претура во тепсија или во земјена тава.

Се пече на 250 степени додека убаво зарумени, потоа се ренда кашкавалот и се распоредува во целата тепсија, па се остава да се запече уште 10-15 минути.

Се вади тепсијата од рерна, се сече јадењето на коцки и се послужува.

Рецепт на Светлана Јовановиќ од Скопје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.