Оригинален рецепт за француски тост: Најслаткиот начин да го искористите стариот леб

Едноставно и вкусно

Брз и вкусен појадок што едноставно се прави

Потребни состојки:
  • 6 парчиња леб (најдобро оние што се за тост)
  • 2 јајца
  • 50 милилитри млеко или слатка павлака
  • 1 лажица шеќер
  • цимет
  • прстофат сол
  • екстракт од ванила
  • путер
Приготвување:
  • Изматете јајца со виљушка, па додајте млеко, шеќер, цимет, сол и ванила и промешајте додека не се соедини сето тоа.
  • На тавче ставете путер да се истопи.
  • Секое парче леб потопете го во смесата на кратко од двете страни и ставете го да се пржи. Кога ќе добие боја, превртете го и испржете ја и другата страна.
  • Послужете го тостот со јаворов сируп, мед, слатка павлака и овошје или по ваша желба.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.