Оброк богат со протеини: Оваа солена пита е рај за непцето, а го чува здравјето
Ќе бидете воодушевени
Еднаш кога ќе ја направите оваа пита, секогаш ќе биде дел од вашето мени
Потребни состојки:
- 5 компири
- 1 кромид
- 2 лука
- 2 целера
- 175 грама замрзната пченка
- 150 грама брокули
- 2 моркова
- 75 грама печурки
- 165 грама варени леблебии
- 20 грама свеж магдонос
- 1 лажичка сушена мајчина душица
- 1 лажичка сушен рузмарин
- 1 гранче свеж рузмарин
- 1 гранче свежа мајчина душица
- сол и бибер по желба
- 4 лажици маслиново масло
- 2 лажици брашно
- 480 милилитри бујон
- 15 грама деликатесен француски квасец
- 2 лажици соино или бадемово млеко
- 1 пакет лиснато тесто
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови
- Исечкајте ги компирите на парчиња, сварете ги во врела вода на вообичаениот начин и исцедете ги.
- Поделете ги на пола: едната половина оставете ја на парчиња, а од другата направете пире.
- Ставете ги на страна да се изладат.
- Загрејте две лажици маслиново масло во големо тавче на умерена температура.
- Во маслото додајте исечкан кромид и лук и пржете ги додека не станат проѕирни. За тоа ќе ви требаат две минути.
- Додајте исечкан целер, морков и печурки.
- Додајте пченка, брокули и леблебии.
- Додајте свеж рузмарин и мајчина душица.
- Динстајте околу 15 минути додека не омекне зеленчукот.