Можете да ја јадете и топла и ладна: Пита со праз што ќе ве остави без зборови!

Пробајте!

Питата можете да ја јадете и топла и ладна, еднакво е вкусна!

Состојки:
  • 500 г исчистен праз
  • 400 мл топло млеко
  • 250 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 250 г урда
  • 8 г прашок за печиво
  • 4 јајца
  • сусам
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Празот се сечка на кругови или полукругови, во зависност од големината. Во тенџере се загрева малку масло и на него се пржи празот, да омекне. Се трга од огнот и се остава настрана да се олади.

2. Јајцата се матат пенесто, со малку сол. Постепено се додава млакото млеко, непрекинато матејќи со миксер. Посебно се поврзуваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и прашокот за печиво, па се додаваат во смесата и се мати на најмалата брзина додека се добие изедначена маса.

3. Потоа се додаваат урдата и празот, па полека се меша со лажица.

4. Помал правоаголен калап, со димензии 18 х 33 см, или тркалезен калап од 26 см се намрсува и се набрашнува. Во него се додава смесата за питата и се посипува со сусам. Се пече во загреана рерна на 200°Ц. Печената пита се остава да се олади, а потоа се сече на коцки и се послужува со јогурт или со кисело млеко.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.