Макарони со жалфија: Готови за миг!

Пробајте ги!

Едноставно, вкусно и брзо!

Состојки:
500 г макарони
250 г сирење
100 мл неутрална павлака
50 г пармезан
150 г сланина

2 лажици оригано
жалфија по вкус
масло по потреба

Приготвување:
Сварете ги макароните, измешајте ги со ренданото сирење, загреаната павлака и пармезанот, па посипете ги со оригано и посолете по вкус.

Месестата сланина исечкајте ја на тенки ленти, па пропржете ја и извадете врз салфетка.
Во остатокот маснотија пропржете ги листовите жалфија. Послужете ги тестенините со сланина, сос од сирење и пржена жалфија.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.