Крем салата со тестенини, домати, спанаќ и сланина
Ова лесно јадење се подготвува многу брзо, за околу 20 минути. Наместо сланина, можете да додадете малку ароматично сирење, маслинки или дури виршли исечени на прстени – играјте со вкусовите.
Состојки:
- 300 гр тестенини, пене или фарфале (може да бидат и од интегрално брашно)
- 200 гр јогурт
- 2 лажички дижон сенф
- 1 лажичка мед
- 1 чешне лук, смачкано
- рендана кора од еден лимон
- 2 лажици маслиново масло
- 4 големи домати, крупно исецкани
- грст бејби спанаќ, грубо сецкан
- малку свеж босилек, сецкан
- 6 парчиња сланина пржени во тава, да бидат крцкави
- сол и бибер по желба
Подготовка:
Гответе ги тестенините и изладете ги. Во меѓувреме, во голема чинија, комбинирајте јогурт, сенф, мед, лук, кора од лимон, маслиново масло и зачини. Измешајте го ова со тестенините и додадете домати, спанаќ и босилек.
Се редат на чинија и се посипуваат со исецканата сланина.
Прочитајте и: Култен јапонски специјалитет што можете да го подготвите полесно отколку што мислите
ФОТО: Getty Images