Топчиња со фета: Наш предлог за совршено предјадење

Одлична симбиоза

Еден од најдобрите вкусови се постигнува кога ќе се спои здрав зеленчук со сирење, а топчињата со фета се токму таква симбиоза!

Состојки: 200 г фета-сирење, 1 кг тиквички, 3 јајца, 1 кромид, 1 морков, 250 г брашно,  1 лажица магдонос, половина лажица копар , масло по потреба, 200 г лебни ронки, 50 г пармезан

Приготвување: изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги да ја испуштат водата. Потоа добро исцедете ги, па додајте ги изронетото фета-сирење, исечканиот кромид, ренданиот морков, јајцето и добро измешајте.

Додаје брашно, зачин и магдонос, промешајте, а потоа со раце правете топчиња од тесто. Секое топче извалајте го во изматено јајце, па во мешавина од лебни ронки и пармезан.

Во врело масло, пржете ги топчињата додека добијат убава крцкава кора.

Добар апетит!

Фото: Shutterstock

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.