Густа супа од аспарагус

Хедонизам во чинијата

Се впуштивме во потрага по вистински летни деликатеси и ви ги претставуваме нашите фаворити.

СОСТОЈКИ: 500 г аспарагус, 100 г виолетов кромид, 30 г морков, 10 г целер, сол, црн пипер, 2 лажици маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ: исечкајте ги ситно морковот, целерот и кромидот и пропржете ги на маслиново масло. По неколку минути, додајте го исчистениот аспарагус, залејте со вода и гответе додека омекне. Додека е топло, измиксирајте го со стапчест миксер и исцедете го низ цедалка. Додајте сол и црн пипер, а при сервирањето, украсете со неутрална павлака и со свеж магдонос.

Уште 3 идеи за летен потаж

Домат: лесен е за варење и едноставен за приготвување. И, се разбира, многу вкусен.

Грашок: потаж од грашок зачинет со мирудии е совршен оброк налето.

Пченка: внесете ориентален момент така што ќе ја зачините со кари и со млеко од кокос – за вистинско летно освежување.

Фото: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време