РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Пилешко во кремаст сос од домати – одличен избор за летен оброк!

Лесно и вкусно!

Вкусен и кремаст ручек

Брз летен ручек што добро ќе ви дојде ако немате многу време за готвење. Не ви требаат многу состојки, а сигурно веќе ги имате дома.

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 1-2 моркова
  • 600 г пилешко бело месо
  • бибер, сол, слатка пиперка, зачини по вкус, лавров лист
  • 2 домата
  • 2 лажици доматно пире
  • 250 мл вода
  • 1 лажиче брашно
  • прилог (компир или тестенини)
Приготвување:

Ставете тенџере со масло на оган да се загрее. Потоа, исечкајте кромид и морков, па ставете ги во тенџерето да се пропржат. Месото исто така исечкајте го, па ставете го да се динста со кромидот и морковот. Додајте лавров лист, црвена слатка пиперка, малку бибер, сол, зачин по желба, две лажици пасиран домати и додајте една чаша вода.

Поклопете и оставете да се динста, додавајте вода по потреба додека месото стане меко. Кога месото ќе биде готово, излупете два домата, исечкајте ги и додајте ги во тенџерето.

Во шолја разматете лажиче брашно со вода и додајте го во јадењето. Сето тоа добро промешајте го и оставете го да крчка. Пригответе пире од компири или тестенини, па сервирајте ги во чинијата со главното јадење.

Добар апетит!

Ручек за денес: Пилешко месо во сос од печурки – најбрза и најлесна подготовка на превкусно јадење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.