Ручек за денес: Пилешко месо во сос од печурки – најбрза и најлесна подготовка на превкусно јадење!

Сочно и едноставно

Без разлика дали го правите за викенд или преку работна недела, ова јадење ќе го воодушеви секој што ќе го проба

Состојки:
  • 500 г пилешко филе
  • 1 кесичка крем-супа од печурки
  • 200 мл павлака за готвење
  • малку сол
  • кашкавал (по желба)
Приготвување:

Исечкајте го пилешкото филе на тенки шницли (не треба да ги чукате со чекан). Во подлабок сад ставете ја содржината од крем-супата од печурки, па во неа извалајте ја секоја шницла. Редете ги во подмачкан огноотпорен сад.

Прелејте ги шницлите со неутрална павлака и посолете ги по вкус. По желба, изрендајте малку кашкавал. Печете ги во рерна заеграна на 200 степени околу половина час, па намалете ја температурата и оставете ги да се допечат уште 15 минути.

Совет: Послужете го месото со варен зеленчук и салата.

Ручек за денес: Потпечено пилешко месо со спанаќ – совршено јадење за целото семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.