Ручек за денес: Потпечено пилешко месо со спанаќ – совршено јадење за целото семејство!

Добар апетит!

Со овој оброк одлично оди некој вкусен млечен производ, како лажица павлака или шолја кисело млеко

Започнете ја неделата со свечен ручек, како што е ова интересно јадење од чисто бело месо и спанаќ. Пробајте!

Состојки:
  • 600 г пилешки гради или пилешко филе
  • 1 кг спанаќ
  • 2 лажици мешавина од зачини
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица црвен пипер
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер
Приготвување:

Пилешките гради се сечкаат на коцки (или на шницли), се посолуваат, се зачинуваат со мешавина од зачини, се забиберуваат и се пржат во тавче со загреано масло. Во тавчето се сипуваат 100 мл вода.

Главицата кромид се сечка на тенки резанки и се додаваат во тавчето на шпоретот. Уште еднаш се зачинува со мешавина од зачини. Се додава црвен пипер и се сипува уште 100 мл вода.

Керамички сад се попрскува со масло и се става половина од претходно измиените листови спанаќ. Половина од содржината од тавчето се става во керамичкиот сад. Потоа, одозгора се ставаат преостанатите листови спанаќ, па преостанатата содржина од тавчето се додава во садот. Се поклопува со капак и се става во рерна. Се пече 60 минути на 220 степени.

Се вади садот од рерна и со лажица се вади од јадењето на садови за сервирање. По вкус, може да се додаде во порцијата и по една лажица павлака или да се послужи со кисело млеко.

Добар апетит!

Ручек за денес: Пилешко месо со кремлив сос од сирење и путер за кое ќе извалкате само едно тенџере!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.