Пилешко со печурки за 4 лица

Задоволство за непцата

Уживајте приготвувајќи за своите дома неодоливи домашни деликатеси, израдувајте ги и изненадете ги со нови вкусови. За приготвување на ова јадење можете да искористите и пилешко месо останато од претходниот ден.

Состојки:

  • 500 г пилешко бело месо
  • 150 г брашно
  • 1 среден страк праз
  • 300 г шампињони
  • 200 мл павлака за готвење
  • 200 мл млеко
  • 40 г пармезан
  • масло
  • сол

Приготвување:

Празот се чисти и се сече на коцки, шампињоните се сечат на листови.

Во тавче на малку масло се пропржува празот да омекне, а потоа се додаваат шампињоните и сето тоа заедно се динста додека омекне зеленчукот и изврие вишокот течност.

Пилешкото бело месо се сече на помали парчиња, се зачинува по желба и се вала во брашно.

Парчињата се пропржуваат на врело масло од двете страни, да поруменат малку. Потоа се вадат и се оставаат на топло.

На маснотијата од месото се додаваат две лажици брашно и се меша со маталка. Се додаваат павлаката за готвење и млекото, па потоа се вари со непрекинато мешање, додека се згусне. Ако е сосот премногу густ, се долева малку вода.

При крајот на варењето се додава пармезанот и зачини по желба.

Се намрсува огноотпорен сад и во него се распоредува прженото пилешко. Се прекрива со пржените печурки и со празот и се прелева со сосот од павлака.

Се пече во загреана рерна на 200°С, околу 35 минути.

 

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.