Одлична идеја за ручек: Похувани шницли од мелено месо на кои не можете да им одолеете

Уверете се сами!

Оброк на кој не можете да одолеете.

Од кујната на баба, ова утро ни пристигна рецепт за похувани шницли од мелено месо, на кој сигурно нема да можете да одолеете.

Потребно е:

300 г мелено месо

1 главица кромид

малку лук

1 јајце

црвен мелен пипер

сол, бибер

3 лажици брашно

3 лажици лебни ронки

2 јајца

масло

Приготвување:

Во месото исечкајте ги кромидот и лукот, додајте и јајцето, пиперот, биберот, солта и измешајте. Направете помали плескавици додавајќи на дланките малку брашно за да не се лепат, па потоа валајте ги во лебни ронки и јајце. Пржете ги во масло и издавете ги на хартија да се впие вишокот од маснотијата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.