Од идеја до сервирање за 30 минути: Лазања за палачинки (рецепт)

Идеално за викенд ручек...

Подобро здравје…

Меки палачинки, слоеви спанаќ, рикота, доматен сос и пилешко ја прават оваа лазања одличен оброк.

Вегетаријанците можат да го заменат пилешкото со печурки.

Состојки:
Палачинки
100 грама остро брашно
100 грама обично брашно
2 јајца
380 мл млеко
сол и бибер, по вкус

Напомена: Доколку имате палачинки од претходниот ден, искористете ги за да го подготвите ова јадење. Сосовите и печењето повторно ќе ги омекнат.

Слој од спанаќ
380 грама рикота
300 грама спанаќ, одмрзнат и исцеден од вода
100 грама пармезан, ситно рендан
1 јајце
сол и бибер, по вкус

Напомена: По желба заменете го сирењето рикота со свежо или крем сирење.

Слој од домати
300 мл паста од домати или сос од домати
330 гр полумасна моцарела, рендана

Забелешка: заменете го сирењето моцарела со гауда, едамер или тилзит.

Пилешко
300 гр пилешко, исчистено од коски и кожа
Зачини по желба
Брашно

Забелешка: Користете го остатокот од варено или печено пилешко.

Подготовка
Палачинки
1-Изматете ја смесата
Загрејте ја рерната на 160°C. Додадете брашно во голем сад и направете дупка во средината. Додадете јајца, сол и бибер. Лесно изматете да се соедини и полека додајте го млекото додека не добиете мазно тесто без грутки.

2-Печете палачинки
Печете ги палачинките една по една (треба да направите околу 10) и оставете ги да се изладат.

Слој од спанаќ
3-Подгответе го филот со спанаќ
Во посебен сад измешајте ги сите состојки и оставете ги на страна.

Слој од домати
4-Подгответе го филот од домати
Во посебен сад измешајте ги сите состојки и оставете ги на страна.

5-Печете го пилешкото
Пилешкото се сече на ситни коцки, се зачинува, се тркала во брашно и се пржи додека не порумени.

6-Составете ги лазањите
Ставете 1 палачинка на дното на тавата за торта. Користете 1 лажица од смесата со спанаќ и рамномерно распоредете ја врз палачинката. Продолжете вака додека не дојдете до третата палачинка и намачкајте ја со третина од сосот од домати, додадете го пилешкото и посипете со моцарела.

Продолжете така што на секоја трета палачинка ќе намачкате сос од домати и сирење. На последната палачинка намачкајте обилна количина сос од домати и посипете со моцарела. Печете 30 минути.

Извадете го од рерна и послужете веднаш.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.