Нов свадбен тренд: Видеото ги воодушеви корисниците на TikTok, милиони прегледи (видео)

Дали ќе се случи ова и кај нас?

Слатко…

Тиктокерка неодамна беше гостинка на свадбата на нејзините пријатели. Но, наместо младенците, главната ѕвезда беше пингвин.

Во виралното видео можеме да видиме африкански пингвин како оди покрај гостите, а сите погледи се вперени во него. Слаткиот пингвин бил задолжен да ги носи прстените до олтарот, а по церемонијата се измешал со гостите.

@meg_alys Yes there was a penguin meet and greet post ceremony 🐧 #ringbearer #weddingsurprise ♬ original sound – Pingu

Во коментарите под објавата, корисниците напишал дека сите се изненадени и не престанале да зборуваат за пингвинот цел ден.

За два дена видеото го погледнале повеќе од 1,5 милиони луѓе, кои оставиле преку 600 коментари.

„Се би дал да имам пингвин на мојата свадба“, „Малку е збунет, но дава се од себе“, се само дел од коментарите.

Фото и видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.