Најбрзиот и најлесниот ручек: По него нема да ви останат многу валкани садови, а потребните состојки сигурно веќе ги имате дома!

Одличен е за летниот период

Кога сте во трка со времето, нема подобро решение од овој рецепт за брз и вкусен ручек

Овој ручек со сушен домат, павлака и тестенини е многу вкусен, а многу брзо се приготвува. Откако ќе го зготвите, нема да ви останат еден куп валкани садови!

Лесен е, сочен и идеален за сите љубители на тестенини. Доколку сте во потрага по брз ручек, ова е вистинскиот рецепт за вас. Можете да користите тестенини по избор, а наместо павлака за готвење, може да ставите кисела павлака.

Состојки:
  • 250 г тестенини
  • 400 г сушени домати
  • 200 г неутрална павлака
  • 50 г пармезан
  • 200 г кашкавал (гауда)
  • зачини (сол, бибер, оригано, слатка пиперка)
Приготвување:

Во тепсија ставете сушени домати. Одозгора додајте две кафени лажици шеќер. Потоа, додајте неутрална павлака и пармезан, па ставете рендан кашкавал по избор.

Одозгора сипете зачини и сето тоа добро измешајте го. Ставете во рерна да се крчка околу 20 минути на 180 степени. За тоа време, кратко проварете 250 г тестенини. Може по избор, но по рецептот треба да користите талјатели.

Процедете ги тестенините и додајте ги во сосот, па сето тоа добро измешајте го. За крај, можете да додадете уште 100 г сирење по избор и магдонос. Вратете ги во рерна уште десетина минути на 150 степени. Добар апетит!

СИТЕ ГИ ОБОЖАВАМЕ: 3 поздрави верзии на вашите омилени специјалитети со тестенини!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.