Комбинација од соништата: Крцкави крилца од рерна со ѓумбир, соја-сос и мед

Ќе се воодушевите!

ФОТО: Shutterstock

Пригответе го овој рецепт и уживајте во вкусните залчиња

Состојки:
  • 1 килограм пилешки крилца
  • 100 грама мед
  • 50 грама кафеав шеќер
  • 50 милилитри соја-сос
  • 1 лажица лимонов сок
  • парче ѓумбир
ФОТО: Thinkstock
Приготвување:
  • Измешајте мед, шеќер, соја-сос и лимонов сок во еден сад, а пилешкото избришете го со салвета.
  • Излупете го ѓумбирот, па ситно исечкајте го и измешајте го со приготвената смеса.
  • Маринирајте ги крилцата во фрижидер најмалку еден час. Треба да бидат покриени со алуминиумска фолија.
  • Печете ги околу 40 минути во рерна загреана на 220 степени Целзиусови, се’ додека кожичката не добие кафеава боја.
  • Сочувајте го остатокот од маринадата, загрејте ја во тавче и почекајте две-три минути.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.