Чорба преполна со витамини и минерали: Го закрепнува телото, го зајакнува имунитетот и штити од вируси!

Вкусно и здраво!

Ова е најздравиот зимски оброк на светот!

Идеална за зимскиот период, оваа чорба во себе ги содржи сите неопходни состојки за силен имунитет. Изобилува со цинк и селен, а добро познато е колку се тие моќни за заштита на телото.

Состојки:
  • 1/2 шолја кокосово масло
  • 6 чешниња лук
  • 1 лажица исечкан ѓумбир
  • 1 кромид, исечкан
  • 1/2 шолја сечкани бадеми
  • 2 лажици куркума во прав
  • 2 лажици кари во прав
  • 2 црвени пиперки, грубо исечкани со семки
  • 1 кг батати, излупени и исечкани
  • 2 лаврови листа
  • 6 шолји бујон од зеленчук
  • сол и црн бибер
Приготвување:

Во поголемо тенџере сипете кокосово масло, лук, ѓумбир, кромид, бадеми, куркума и кари. Сето тоа добро измешајте го, па динстајте на умерена температура додека омекнат состојките (околу 5 минути).

Додајте пиперка, батат, лавров лист, а потоа сипете супа од варен зеленчук да го покрие сето тоа. Оставете да се крчка, намалете ја температурата и поклопете.

Гответе на тивок оган околу 30 минути додека омекне бататот. Извадете го лавровиот лист од чорбата, а остатокот матете го во блендер додека добиете убава кремлива смеса.

Добиената смеса вратете ја во тенџере и варете уште 15-ина минути. На крајот, зачинете по вкус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.