Оваа вода е најмоќниот борец против болести: Пијте ја оваа напивка 7 дена и телото ќе ви се прероди!

Моќно дејство

Водата од лук ќе направи чуда за вашиот организам

Луковата вода го зајакнува имунолошкиот систем и го прочистува телото од токсини, а многу моќно дејствува и против сите видови воспаленија: вирусни, габични и бактериски. Се смета за еден од најсилните природни лекови.

Како да приготвите лукова вода?

Исчистете едно чешне лук и пресечете го надолжно, ставете го во вода, поклопете со чиниче и оставете го да стои на собна температура 24 часа. За тоа време, белиот лук ќе ги ослободи своите својства во водата. Испијте ја водата и сочувајте ги половинките од чешнето. Повторувајте ја оваа постапка барем седум пати во текот на еден месец. Најдобро би било напивката да ја пиете просечно два пати неделно.

Оваа напивка ќе го зајакне вашиот имунолошки систем, ќе ви го прочисти телото од насобраните отрови и ќе дејствува превентивно на низа заболувања, меѓу кои се и висок крвен притисок, воспаленија, грип, вируси и бактерии, но и потешки заболувања како канцер.

Изртен лук

Можеби не сте знаеле, но изртениот лук е уште поздрав од обичниот, бидејќи е моќен антиоксиданс. Неговите противвоспалителни и антиканцерогени својства, како и моќното дејство што го има на кардиоваскуларниот систем, се уште посилни во никулците на лукот.

Некои зеленчуци, како што е компирот, не се здрави кога ќе изртат, бидејќи тогаш ослободуваат одредени токсини, но тоа не се случува со лукот. Тој е најздрав кога ќе изрти, бидејќи тогаш го постигнува својот полн потенцијал и нутритивни вредности.

Па така, слободно оставете го лукот да изрти, а потоа искористете го. Еве и како.

Половинките од чешнето што ви останале од водата, веднаш ставете ги во чиниче и поклопете ги со чаша. Оставете ги на собна температура. На тој начин ќе создадете услови слични на стаклена градина и лукот многу брзо ќе пушти никулци. Изртениот лук најдобро е да го користите свеж, така што ќе го додадете во салата, напивки или ќе го посипете врз јадења.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.