Деми Мур на 58 години има тело како топ модел: Овие 2 правила се заслужни за нејзината вита линија!

Топ форма во шестата деценија

Благодарение на овие едноставни правила, таа нема проблеми со килограмите

„Кога бев помлада, знаев да држам строги диети и да внесувам многу малку калории, а потоа научив дека тоа не дава најдобри резултати и дека не е воопшто здраво“, вели Деми Мур која на 58 години изгледа како да има 30.

Ако сте се прашувале како ѝ успева на актерката да изгледа толку добро во шестата деценија, ние ви ја откриваме нејзината тајна. На прашањето како е возможно да нема ни грам сало на телото, таа вели дека тоа се должи на овие правила.

„Прифаќањето на сопственото тело е клучот за среќа и добро чувство“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Кога ќе сфатите дека телото што го имате е најубаво и дека мора да се чувствувате убаво во него, тогаш сè се менува.

„Исто така, клучот на добрата форма е умереноста. Умерено јадам и умерено вежбам, бидејќи сфатив дека крајностите не водат кон успех по секоја цена. Се истоштував со вежбање во вежбалница и повторно не бев задоволна од изгледот. Денес вежбам помалку, но никогаш не сум била посреќна“, вели Деми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Строго се придржува до овие 2 правила:

Умерена исхрана

Како што нагласува, нејзината исхрана е балансирана и умерена. Главно се труди да јаде здраво, но си дозволува еднаш неделно да ужива во благо. Шест дена во неделата јаде нискокалорична храна, но недела е ден за опуштање.

Поголемиот дел од нејзиното мени се состои од протеини, кои се важни за изградба на мускулите и добро здравје.

Појадокот најчесто ѝ се состои од кајгана, за ручек јаде некое месо или риба и многу салата, додека вечерата подразбира интегрален тост и кисело млеко. Помеѓу оброците има и 2 ужини кои се состојат од сезонско овошје или грст јаткасти плодови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Умерено вежбање

Физичката активност е важна, но и тука треба да бидете умерени и да најдете нешто во коешто ќе уживате.  Деми Мур открила дека најмногу ѝ годат часови по јога и трчање. Овие две физички активности ги практикува 3 пати неделно.

Со малку волја и дисциплина, секој од нас може да има тело како Деми Мур!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.