Ароматично пиле за 5 лица

Вкусен ручек

За приготвување на ова вкусно главно јадење ќе ви бидат потребни 40-тина минути, а се пече во рерна 45 минути. Идеално е за љубителите на пилешко месо, но дефинитивно ќе ги освои и оние што не се по пилешкото.

Состојки:

  • 1 пиле од 1,8 кг
  • 1 кг компири
  • 4 моркови
  • 300 г шампињони
  • 4 лажици путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 чешниња лук
  • рендана кора од еден лимон
  • 1 лажица лимонов сок
  • пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

  1. За приготвување на мачканицата од путер во еден сад се соединуваат путерот, маслиновото масло, магдоносот, пасираниот лук, ренданата кора и сокот од лимон. Добро се меша, за да се добие изедначена смеса.
  2. Пилето се поставува на работната масичка со градите свртени надолу. Со кујнски нож се прави засек на двете страни на ’рбетот, од тртката до главата. ’Рбетот се отстранува, па пилето се отвора и се превртува наопаку, така што градите ќе бидат горе.
  3. Приготвеното пиле добро се посолува под кожата, а потоа просторот помеѓу месото и кожата се премачкува со смесата од путер.
  4. Компирот се чисти и се сече на коцки, морковите се лупат и се сечат на покрупни парчиња, шампињоните се сечат на четвртинки. Зеленчукот се соединува, па се зачинува по желба и се прелева со малку масло, па се промешува.
  5. Плехот за печење се обложува со хартија за печење и во него се става зеленчукот. Преку зеленчукот се поставува пилето и се премачкува одозгора со преостанатата смеса од путер.
  6. Се пече во загреана рерна на 200°С, додека порумени месото.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.