Лиснати цветови со виршли за 4 лица

За љубителите на печива

Одлични се како предјадење, се приготвуваат 30 минути, а се печат 25 минути. Добар апетит!

Состојки:

  • 500 г лиснато тесто
  • 8 пилешки виршли
  • 2 суви шпагети
  • 2 јајца
  • 1 дланка млад спанаќ
  • 200 г младо сирење
  • сусам
  • сол

Приготвување:

  1. Виршлите се засекуваат на секои 2 см, а потоа полека се виткаат, па краевите се спојуваат со помало парче суви шпагети за да се добијат венчиња.
  2. Лиснатото тесто се истенчува со сукало на дебелина од 2 мм, па се сече на 8 круга малку поголеми од венчињата со виршлите.
  3. Во средината на секој круг се става венче од виршли. Со помош на дршка од лажица тестото се втиснува во засеците на виршлите за да се добие изглед на цвет.
  4. Плехот за печење се обложува со хартија за печење и на неа се ставаат цветовите од тесто и од виршли. Краевите на тестото се премачкуваат со изматено јајце.
  5. Во средината на секој цвет се ставаат неколку листа спанаќ. Остатокот од јајцата се меша со издробеното сирење, па со добиената смеса се полни внатрешноста на цветовите.
  6. Се посипуваат со сусам и се печат во рерна загреана на 200°С, додека порумени тестото.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.