5 предлога за појадок од кои цревата ќе ви работат како „швајцарски часовник“: Ќе ве држат сити со часови!

Спречуваат подуеност

Пробајте ги овие 5 предлога за здрав појадок, кои ќе ве воодушеват со вкусот и хранливоста

„Појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како просјак“, гласи познатата поговорка, а и експертите потврдуваат дека првиот утрински оброк навистина е важен. Ако одберете квалитетен, балансиран појадок, ќе му обезбедите доволно енергија на телото за да се избори со сите обврски што ве очекуваат во текот на денот, ќе му ја дадете оптималната количина на хранливи состојки кои имаат благотворно дејство на организмот, а ако го збогатите оброкот и со намирници што содржат влакна – ќе ослабете и ќе ја спречите подуеноста.

Ви даваме пет предлога за суперпојадок, кои се лесни, а заситуваат и нема да почувствувате глад до ручекот.

Овесна каша со ленено семе и зрнесто овошје

Овесната каша е богата со влакна кои помагаат за регулација на варењето. Ако додадете и ленено семе, кое исто така е богато со оваа хранлива состојка, ќе ја подобрите функцијата на цревата. Посипете малку зрнесто овошје, како малини, боровинки или јагоди, за да внесете дополнителни антиоксиданси.

Грчки јогурт со чиа семе и бадеми

Грчкиот јогурт е богат со пробиотици, кои помагаат да се одржи здравата рамнотежа на цревната флора. Чиа семето е богат извор на влакна и помага во одржувањето на здравјето на дигестивниот систем. Додајте неколку бадеми за да ви биде крцкава кашата, а бонус е тоа што ќе внесете и здрави маснотии.

Интегрален тост со авокадо и јајце
Фото: Getty Images

 

 

Интегралниот леб е богат со влакна, кои помагаат во регулацијата на варењето. Авокадото е полно со здрави масти, кои се корисни за одржувањето на здравјето на цревата. Додајте варено јајце за протеини и други хранливи состојки.

Овошна салата со јогурт и мед

Направете освежителна овошна салата од сезонско овошје, како јаболка, круши, портокали и банани. Додајте малку грчки јогурт и мед, за да биде погуста и послатка. Овошјето е богато со влакна и вода, што ќе ви го олесни варењето.

Кашест сок со спанаќ, банана и бадемово млеко

 

Пригответе здрав кашест сок со свеж спанаќ, банана и бадемово млеко. Спанаќот е богат со влакна и хранливи материи, кои помагаат за варењето. Бананата дава сладок вкус, а бадемовото млеко е нискокалорично.

Овие пет предлога за појадок ќе му обезбедат влакна, хранливи материи и здрави состојки на вашиот организам, кои ќе ви помогнат да го одржите доброто здравје.

Оброци за енергија: 5 одлични предлози што ќе ви дадат сила да се справите со сите предизвици!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.