Оброци за енергија: 5 одлични предлози што ќе ви дадат сила да се справите со сите предизвици!

Пробајте го ова мени

Нашите гастро-блогери ни дадоа вкусни идеи за здрави оброци што ќе ве заситат

Без разлика дали ви треба енергичен старт или брзо полнење на батериите на средина од денот, ние имаме одлични идеи за вкусни оброци што ќе ве заситат и ќе ви ја дадат потребната сила за да се справите со сите предизвици!

1. ТРЕНДИ-ПОЈАДОК: АСАИ-ЧИНИЈА

Ќе ве освои со својата густа текстура и освежителен вкус! Aсаи бобинките го зајакнуваат имунитетот, богати се со влакна, содржат голем број антиоксиданси и елагинска киселина која го забавува процесот на стареење. „Кашестиот сок со овошје и акаи бобинки е совршен појадок, а витамините што ги содржи ќе ви ја дадат потребната енергија наутро“, објаснува Теодора Ѓикова, авторка на инстаграм-профилот @theavogue.

СОСТОЈКИ:

  • 1/2 чаша мешани бобинки
  • 1/2 чаша јагоди
  • замрзната банана
  • 120 мл бадемово млеко
  • прав од асаи или замрзнато пире од асаи

Додатоци:

  • банана
  • гранола
  • овесни снегулки

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте ги заедно додека добиете мазна и кремаста смеса. Со овој појадок ќе го добиете најдоброто од двата света: здравје и одличен вкус!

2. ЗДРАВО И ВКУСНО: ЧИА-ПУДИНГ НА 5 НАЧИНА

Чиа-семето е одличен извор на омега-3 масни киселини, богато е со калциум и магнезиум и го зголемува чувството на ситост. „Јас претпочитам да го направам чиа-пудингот од вечерта за наредното утро. Освен тоа, може да се приготвува на милион начини, па нема шанси да не се задоволи вкусот и на оние најпребирливите“, порачува Давор Панчевски, на Инстаграм познат како @daveskitchenofficial.

СОСТОЈКИ:

Основа за сите чиа-пудинзи:

  • 3-4 лажици чиа-семе
  • 150 мл бадемово млеко

За чиа-пудинг со шумско овошје:

  • 2 лажички мед
  • мешано шумско овошје за декорација

За чиа-пудинг со семки од тиква:

  • 2 лажички мед
  • 2 лажици семки од тиква

За чоко чиа-пудинг:

  • 2 лажици какао
  • 2 лажици агаве сируп
  • 1 лажица чоколадни капки
  • 2 лажици сечкани ореви

За чиа-пудинг со бадеми и мед:

  • 2 лажички мед
  • 2-3 лажици сечкани бадеми

За чиа-пудинг со кокос и малини:

  • 1 лажица кокос
  • 2 лажички мед или шеќер
  • 5-6 малини за декорација
  • кокосов чипс за декорација

ПРИГОТВУВАЊЕ:

За да ја приготвите која било од овие вкусни комбинации, ставете ги млекото и чиа-семето во чаша и промешајте. Оставете ја смесата во фрижидер 30 минути за да се желатира, а на секои 10 минути промешувајте за да биде еднакво желатирањето во целата чаша. Пред послужување додајте го медот и декорирајте ја секоја чаша со вашиот омилен вкус. Добар апетит и забавно готвење!

Продолжете на следната страница за преостанатите рецепти…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.