Домашен рецепт за вкусни кифлички – меки како пена!

Никој не им одолеал

Вкусни воздушести кифлички, како да ги направила вашата мајка

Потребни состојки:
  • 500 грама брашно тип 500
  • 500 грама брашно тип 400
  • 500-600 милилитри млеко
  • 200 милилитри масло
  • 80 грама свеж квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици сол
  • Ким, сусам, мак или сол за декорација
Начин на подготовка:

Најпрво погрижете се кујната ви биде загреана бидејќи кифлите треба да се подготвуваат во топол простор. Исто така, стоплете го и млекото, но внимавајте да не биде жешко. Одвојте отприлика 100 милилитри млеко во кое ќе го измешате квасецот со шеќерот и оставете ги да се нараснат во топлата кујна. Во друг сад ставете ги двата вида брашно и додајте сол, а потоа додајте го и нараснатиот квасец и нежно мешајте. На оваа смеса додајте го и маслото и повторно мешајте додека го додавате и топлото млеко.

ФОТО: Shutterstock

Тестото треба да се меси одредено време (сè додека не го потрошите млекото) и треба да биде меко и мазно, но и да може да се одвојува од садот без да се лепи. Откако ќе го замесите тестото оставете го да нарасне во сад на топло, прекриен со крпа. По достигнувањето на потребната големина, извадете го од садот и од целото тесто одземајте дел по дел со цел да ја поделите смесата на околу 45 делови. Откако ќе завршите со нивната поделба, повторно оставете ја смесата да се одмори, а потоа едно по едно, формирајте ги во кифлички.

Готовите кифли можат да се намачкаат со жолчка од јајце или да им се додаде ким, сусам, мак или сол. Печете ги врз хартија за печење, отприлика 10-тина минути на 220 или 250 степени (во зависност од јачината на рерната). Тие се готови кога ќе добијат жолтеникава боја. Пријатен апетит.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.