Сочен десерт од кокос и чоколадо кој ќе го приготвите многу брзо!

Економично а вкусно

За овој вкусен десерт не ви е потребен миксер ниту вага. Нема егзотични состојки, а ако сакате, можете да си играте и да додадете суво грозје, јаболка или круши.

Потребни состојки:

  • 120 милилитри павлака
  • 120 милилитри јогурт
  • 240 милилитри млеко
  • 80 милилитри масло
  • 130 г кокосово брашно или кокосови струготини
  • 1-2 ванилин шеќер
  • 250 г брашно
  • 1 лажица гриз
  • 1 лажичка прашок за пециво

Глазура:

100 г црно чоколадо

2 лажици масло

Начин на пдготовка:

  1.  Измешајте го шеќерот во малку млеко за да се стопи.
  2. Одделно измешајте ги сувите и влажни состојки, потоа измешајте ги заедно и префрлете ги во помал сад за печење или калап за помали колачи кои ќе ги посипете со брашно за да не се залепи тестото.
  3. Печете околу 25-30 минути на 180°C и користете чепкалка за заби за да проверите дали вашиот десерт е готов. Ако е чисто, без трошки од тесто, подготвено е да се извади од рерна.
  4. Кога колачот ќе се испече, извадете го и прелијте го со чоколадната глазура додека е уште врела.
  5. Направете чоколадна глазура со топење на чоколадните коцки за готвење на пареа и со мешање со маслото.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.