Совршени кокосови топчиња од само четири состојки: Колачиња што се топат во уста!

Совршен десерт

Вкусни и сочни – омилените рафаело топчиња од само четири состојки – ќе го обожавате овој рецепт!

Состојки:
  • 100 г кокосово брашно (плус 50 г за валање)
  • 300 г бело чоколадо
  • 150 мл слатка павлака
  • Јаткасти плодови по желба (лешник, бадем, орев)
Приготвување:

1. Искршете го чоколадото на парчиња. Загрејте слатка павлака до вриење, а потоа прелејте ја врз чоколадото. Мешајте со лажица додека се стопи чоколадото и добиете компактна смеса.

2. Во смесата од чоколадо и павлака додајте кокос, па оставете ја да се олади на собна температура. Оладената смеса ставете ја во фрижидер еден час да се стегне дополнително.

3. Со лажиче вадете од смесата, па со раце формирајте топчиња и валајте ги во кокос. Повторувајте ја постапката додека ја потрошите целата смеса. По желба, во средина на секое топче ставајте орев, бадем или лешник (овој чекор можете и да го прескокнете). Чувајте ги топчињата на ладно.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.