Пргава, полна со енергија и просто неодолива: Еве зошто шкотскиот фолд е идеален домашен миленик!

Домашни миленици

Никого не го остава рамнодушен со специфичниот изглед

Преклопените уши кај кучињата се нормална појава, а кај мачките тоа е вистинска реткост. Оваа раса на мачки токму поради тоа е многу посебна и популарна. Свитканите уши ѝ го даваат тој неодолив изглед.

Шкотскиот фолд или, едноставно, шкотските мачки се мили и нежни, а нивниот поглед никој не останува рамнодушен. Лесно се приспособуваат на нови луѓе и ситуации, а децата ги обожаваат.

Многу се лојални и често слушаат само една личност во куќата. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и многу се активни. Обожаваат да си играат, па со оваа раса никогаш нема да ви биде здодевно. Оваа раса има цврст карактер, па често може да биде многу пргава.

Потекло

Расата настанала на една шкотска фарма во 1961 година по пат на спонтана генетска мутација, и сите мачки од расата шкотски фолд имаат потекло од таа една, прекрасна бела мачка по име Сузи, која била родена со свиткани уши. Сузи на својата фарма била одличен ловец на глодари и така ги штитела амбарите со жито.

Кога ја забележал еден од фармерите, инаку љубител на мачки, ги спари нејзините мачиња со британска мачка со кратки влакна и така почнало одгледувањето на расата, денес позната како шкотски фолд.

Оваа мачка може да ги има сите бои на крзно, но и на очи. Може да биде со кратко или со долго влакно. Главата им е тркалезна, со истакнати образи и очи. Овие мачки најчесто се многу крупни, силни и имуни на студ.

Сите мачиња се раѓаат со рамни уши, а по околу три недели, ушите почнуваат да им се свиткуваат.

Доколку ги чувате како што треба, можат да живеат многу долго, дури до 15 години.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.