Хороскоп за последната недела од декември: Еве на кои знаци крајот на годината ќе им донесе голема среќа!

Астро-прогноза

Астролозите откриваат дали ѕвездите ќе ни бидат наклонети на самиот крај од 2020 година…

Биковите, Стрелците и Овните последната недела од 2020 година ќе ја паметат само по убави работи. Еве што можат да очекуваат и преостанатите хороскопски знаци…

Овен

Уживате во успехот и среќата кои ве следат. Одлично се чувствувате на работа, но и многу сте оптимистични за работата. Се’ ви оди од рака. Другите луѓе ви се од голема помош. На работа можен е успех и ќе бидете многу задоволни. Бидете поопуштени и сигурни во себе. Што се однесува до љубовта, не го запоставувајте партнерот поради работата. Слободните Овни, можно е да запознаат некој нов преку работата.

Бик

Оваа недела ќе помине без проблеми. Ќе почувствувате наплив на позитивна енергија и се’ ќе ви оди од рака. Надредените ќе ја забележат вашата работа, па можете да очекувате поголем прилив на пари и унапредување. Крајот на годината ќе ви донесе убави мигови и на љубовен план. Зафатените ќе уживаат покрај саканата личност, додека слободните ќе запознаат нова личност што ќе ги освои на прв поглед. Внимавајте на здравјето на кожата и на цревата.

Близнаци

Оваа недела нема да ви биде најповолна. Премногу размислувате за своите постапки и тоа ви создава притисок и стрес. Односот со партнерот е напнат, па затоа обидете се да разговарате. Што се однесува до работата, аспектите се поволни, па можете да очекувате позитивна атмосфера на работното место.

Рак

Самиот почеток на неделата носи помали потешкотии на деловен план, но со своите способности ќе успеете се’ да решите. Постои можност да ги зголемите приходите. Бидете внимателни на работното место и внимавајте на зборовите што ги изговарате, бидејќни можно е да бидете погрешно протолкувани. Можни се проблеми со алергии.

Лав

Почетокот на неделата ќе биде стресен, но самиот крај на годината носи подобро расположение. Внимавајте на финансиите и не трошете пари на непотребни работи. Оваа недела ќе уживате во дружењето со пријателите, а можно е да се сретнете и со луѓе што не сте ги виделе со години. Здравјето ви е на завидно ниво.

Девица

Ова ќе биде една мирна и хармонична недела. Ќе се чувствувате благословено и среќно. Невработените можно е да добијат интересна деловна понуда, додека вработените ќе бидат наградени за вложениот труд.

Терезија

Ѕвездите ви се наклонети последната недела во 2020 година. Ова е добро време да ја започнете работата за која веќе долго време фантазирате, но добро размислете пред да вложите пари. Можни се несогласувања со саканата личност.

Скорпија

Оваа недела ќе биде многу продуктивна за вас. Ќе работите повеќе, но тој труд ќе ви се исплати наредната година. На љубовен план се’ е во најдобар ред. Здравјето ви е одлично.

Стрелец

Проблемите што веќе долго време ве мачат, оваа недела ќе бидат решени и ќе имате многу причини за среќа. Во 2021 година ќе влезете растоварени и полни со елан. Оние во врска уживаат во љубовта, додека на слободните има следува интересно познанство. Можно е преку пријатели да запознаете личност која ќе ве заинтересира.

Јарец

Почетокот на неделата носи одредени проблеми, кои ќе успеете да ги надминете до крајот на оваа година. Можно е да дојде до конфликт со членови од семејството. Нема промени на љубовен план.

Водолија

Ви претстои турбулентна недела. Можно е да се соочите со некои проблеми на работа. Оваа недела ќе морате да вложите повеќе енергија и труд. Крајот на неделата носи поповолни можности. Доколку сте во врска, ви претстои хармоничен период со саканата личност. Кај слободните, нема големи промени во љубовта.

Риби

Оваа недела за Рибите ќе биде мирна и хармонична. Се’ е во најдобар ред, ѕвездите ќе ви бидат наклонети. Ова ќе биде недела за уживање и одморање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.