Женствена, елегантна и одлично им стои на сите: Оваа боја ќе биде апсолутен хит во текот на зимската сезона!

Апсолутен хит

Секоја жена со стил мора да има барем едно парче во оваа боја

Модните експерти пресудија, нежно розовата боја ќе доминира во текот на зимската сезона.

Оваа нијанса е одлична од повеќе причини. Пред се’, таа на секој стајлинг му дава доза женственост и елеганција, а покрај тоа, нема жена на која не ѝ стои добро. Без разлика дали сте црнокоса, русокоса или бринета, со оваа боја не можете да погрешите.

Се вклопува со речиси сите други бои, па нема да ви биде тешко да ја комбинирате. Ќе го освежи секој стајлинг и ќе внесе ведрина во мрачните денови. Доволно е интересна, но и дискретна, па можат да ја носат жени од сите генерации.

Парчињата во оваа боја ќе ги гледаме се’ почесто. Капутите, здолништата, џемперите, па дури и панталоните ќе бидат обоени во розово.

Ако сакате да бидете во чекор со трендовите, задолжително набавете барем едно вакво парче.

Предвид доаѓа дури и комбинирањето на оваа нежно розова нијанса со црвена боја. Оваа навидум неспојлива комбинација може да изгледа многу моќно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.