Овој колач се правел за пречек на Нова година во поранешна Југославија: Едноставен, а превкусен!

Рецепт

Време е да смислите што ќе приготвите за пречекот на Нова година – нашиот предлог е овој вкусен, старински колач

Состојки:
  • 150 г ореви
  • 2 јајца
  • 60 г шеќер
  • Ванилин шеќер
  • 200 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 270 г брашно
  • Прашок за печиво
  • 10 лажици шеќер
  • 6 лажици вода
  • 150 г чоколадо
  • 10 лажици шеќер
  • 6 лажици вода
  • 50 г бисквити
Приготвување:

Добро изматете ги јајцата и шеќерот. Постепено додавајте шеќер. Додајте ванилин шеќер, млеко и масло. Додајте брашно и прашок за печиво. Измешајте рачно и ставете ги мелените ореви.

Префрлете ја смесата во намрсен и набрашнет плех и печете ја на 180 степени, 35 минути.

Пригответе ја глазурата: измешајте 10 лажици шеќер и 6 лажици вода, па стопете го шеќерот. Тргнете ја од оган. Додајте чоколадо, ореви и мелени бисквити. Промешајте.

Сипете ја врз бисквитот, посипете сечкани ореви, оставете го да се лади и послужете го колачот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.