Научно докажано: Овие 2 намирници помагаат во спречување деменција

Вклучете ги во исхраната

Храната има огромно влијание врз нашето здравје и многу е важно што јадеме секој ден

Составот на храната може да дејствува превентивно во разни ситуации и нови истражувања постојано ги пронаоѓаат врските помеѓу тие состојки и одредени болести. Едно неодамнешно изтражување покажало дека консумацијата сирење и вино е поврзана со сочувување на когнитивните способности, па дури и со превенција на деменција.

За што точно се работи? Истражување спроведено во Обединетото Кралство опфатило 1.787 возрасни лица на средни и постари години, во период од десет години. Секој од нив направил тест за флуидна интелигенција на почетокот, во средината и на крајот од испитувањето. Тоа е тест што се занимава со испитување на когнитивните способности, како што е помнењето. А во текот на целото истражување, учесниците ги бележеле своите навики во исхраната, односно внесувањето овошје, зеленчук, млечни производи и промени во однос на вообичаениот начин на исхрана.

Намирниците што ги издвоиле се сирење и вино. Луѓето кои во семејството имале случаи на деменција и консумирале сирење, имале подобри резултати на тестовите од оние што не го јаделе овој производ. Се верува дека тоа е така поради тоа што содржи калциум, витамин Б12 и таканаречени добри бактерии.

Умерената консумација на црвено вино, исто така, е поврзана со подобри резултати на тестот, особено кај оние луѓе што во семејството имале случаи на деменција. Кај нив важно е да се напомене дека мораат да внимаваат и на внесувањето сол, чија голема количина може да доведе до некои несакани последици.

Се напоменува дека секако не треба да се претерува со сирењето и виното, без разлика каква ви е семејната историја на болести. Тие можат да бидат корисни и се здрави во мали количини, но треба да се извршат и понатамошни истражувања на темава. За сега, евидентно е само дека исхрана може да влијае врз спречувањето некои болести или барем нивно ублажување, а се надеваме дека наскоро ќе има повеќе такви податоци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.