Слатки сништа: Овие капучино-топчиња се вистински празник за непцата!

Пробајте!

Вкусни залачиња на кои нема да можете да им одолеете

Состојки:
  • 250 г мелени лешници
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 200 г шеќер во прав
  • 15 г капучино
  • 1 белка
  • 2 лажици млеко

За полнење:

  • 2 варени жолчки
  • 70 г путер
  • 80 г шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер

За обложување:

  • 120 г мелени лешници

Приготвување:

1. Мелените лешници, шеќерот во прав и белката добро се мешаат.

2. Се додаваат растопеното и оладено чоколадо за готвење, капучиното и млекото. Се поврзуваат состојките за да се добие изедначена смеса.

3. Посебно се приготвуваат топчињата за полнење. Жолчките се пасираат, па се поврзуваат со шеќерот и ванилиниот шеќер. Се додава путерот и добро се мешаат состојките. Смесата се остава во фрижидер да се зацврсти.

4. Од темната смеса се обликуваат топчиња со тежина од 20 г. Откако ќе се стегне смесата од жолчките, од неа се обликуваат помали топчиња, со тежина од 7 г.

5. Се зема едно темно топче и се истенчува на дланката, во средината се става жолто топче и се обложува со темната смеса. Топчето се вала во мелените лешници. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликуваат уште топчиња.

6. Обликуваните топчиња се оставаат во фрижидер да се зацврстат до послужувањето.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.