Сиров чоколаден колач: Мора да го пробате ова!

Одличен десерт

Подгответе се за славска трпеза и обезбедете ги најдобрите рецепти

Состојки:

За првиот слој:

  • 200 г печени лешници
  • 100 г бадеми
  • 13 урми
  • прстофат морска сол (за поинтензивен вкус)
  • 2 лажици какао
  • мускатно оревче

За вториот слој:

  • 2 средни банани
  • полна лажица мед (или некој засладувач)
  • 3 лажици какао
Приготвување:

Потопете ги урмите во вода 15 минути. Изблендирајте ги лешниците и бадемите додека добиете брашнеста смеса.

Додајте ги урмите, какаото, мускатното оревче, малку сол и малку од водата во која биле урмите. Блендирајте додека состојките се поврзат добро.

Обложете мал плех со хартија за печење и втиснете ја смесата во него. Ставете го во замрзнувач еден час.

Земете две банани, убаво испасирајте ги, додајте мед, какао и добро измешајте. Оставете ги во фрижидер 30 минути. Извадете ги сите, па ставете слој банани врз кората. Нежно распоредете ја смесата. Најдобро е да го оставите колачот во фрижидер прекуноќ за да се стегне.

Рецепт на денот: Кремаст колач со сливи и со крцкава кора од белка од јајце
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.