Рецепт на денот: Кремаст колач со сливи и со крцкава кора од белка од јајце

Да ги излижете прстите!

Искористете ја сезоната на сливите и оставете ги да бидат на вашето мени. Еднакво се вкусни и сочни и во солена и во слатка комбинација.

Состојки:

За тестото:

250 г омекнат путер
160 г шеќер
1 ванилин шеќер
рум суштина
3 јајца
4 жолчки
300 г брашно
прашок за печиво
1 кг сливи
200 г џем (по избор)

За обложување со пена:

4 белки
100 г шеќер во прав
60 мл масло
1 кесичка пудинг од ванила

Приготвување:

Изматете го путерот со миксер, па додајте малку шеќер и ванилин шеќер, постојано мешајќи. Додајте цело јајце, едно по едно, и секој пат убаво матете и на крај додадете ја само жолчката.

Кога сите состојки ќе се изматат рамномерно, додадете малку брашно, кое сте го измешале со прашокот за печиво. Тестото истурете го во подмачкан плех, израмнете го и премачкајте го со џемот, па врз џемот наредете ги сливите кои претходно сте ги преполовиле.

Потоа, направете пена од белка со матење на белките со шеќер во прав и на крај додајте го пудингот од ванила и сè убаво изматете. Со оваа смеса прелијте ги сливите. Ставете ги во загреана рерна и печете околу 45 минути на 180 C.

Колачот можете да го покриете со фолија, а потоа пред крајот на печењето извадете ја фолијата, за да не се стегне предвреме пената и колачот внатре да остане суров.

Сигурно е подобро да се пече подолго на малку пониска температура отколку да се препече.

Фото: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.