Зои Кравиц и Ченинг Тејтум го освоија светот со непосредниот стил (ФОТО)

Вистинска холивудска двојка

Оваа актерка двојка е вистинско освежување во време кога сме сведоци на сеприсутностата на познати парови, од кои некои „вештачки“ се обидуваат да ја придобијат публиката со исфорсирани усогласени комбинации.

Кога Зои Кравиц и Ченинг Тејтум ја официјализираа својата врска во август, не помина долго пред да станат еден од омилените парови на Интернет.

profimedia-0628931288.jpgОвој викенд, вљубените гулапчиња се прошетаа низ Њујорк – а нивните стајлинзи беа на највисоко ниво на комплементарност досега.

Имено, актерите се одлучија за потопли парчиња од неутрална палета кои совршено се комплементираат.

Актерот се одлучи за беж дуксер во комбинација со црни чино-панталони и патики, додека Зои носеше беж здолниште во комбинација со долг црн капут, широки фармерки и чизми со патент.

249081743_415644876606406_3907697791922681017_n.jpgВо споредба со нивните летни стајлинзи во кои значително беше изразена индивидуалноста, впечатокот што го оставаат оваа есен е многу похармоничен, посебно ако судиме според нивните координирани тоалети.

profimedia-0628201016.jpg

Фото: Профимедија

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.