Пржени јаболка со сос од рум: Нешто најдобро што ќе го пробате денес

Овие јаболка се совршена комбинација која ќе ја обожавате!

Состојки:
3 јаболка
250 мл вода
175 г шеќер
150 г шеќер од шеќерна трска
50 г брашно
1 стапче ванила
ЗА СОС:
100 г путер
100 г шеќер во прав
2 жолчки
50 мл рум

Приготвување:
Излупете ги јаболката и исечкајте ги на тенки парчиња. Сварете сируп од водата и шеќерот, па во него  бланширајте ги парчињата јаболка околу една минута. Исцедете ги и оставете да се изладат.

Загрејте го маслото. Шечерот од шеќерна трска помешајте го со брашното и ванилата.

Парчињата јаболка валајте ги во смесата со шеќер, па пржете ги во масло додека заруменат и станат крцкави.

Исцедете ги, посипете ги со шеќер во прав и наредете ги врз салфетка за да го впие вишокот маснотија.

За сосот растопете ги путерот и шеќерот.

Измешајте ги жолчките со румот и со мешање додајте ја топлата смеса со путер. Вратете го во тенџере и загрејте го сосот да се згусне, но не смее да зоврие. Послужете го сосот со пржените јаболка.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.