Дали е можно: Ламбе Алабакоски обвинет дека го запалил бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола?!

Сите медиуми во земјава објавуваат пејачот го сторил делото!

Триесет и четири годишен маж од Битола е лицето кое го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Според информации на МКД.мк се работи за пејачот Ламбе Алабаковски, кој го признал извршувањето на кривичното дело – пишува порталот мкд.мк.

Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот Иван Михајлов во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А. (34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема пардон, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара“, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.