Овесни плочки од кикиритки и чоколадо

10 минути за десерт

Една плочка содржи 167 калории. Еве како да го приготвите овој брз и вкусен десерт.

СОСТОЈКИ:

70 г овесно брашно (1/2 шолја)

110 г путер од кикиритки (4 лажици)

50 г мед (2 лажици)

50 г темно чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Помешајте ги овесното брашно, путерот од кикиритки и медот, па добро замесете со раце.
  2. На чинија обликувајте маса со правоаголна форма (20 х 8 х 1 см).
  3. Растопете 50 г чоколадо во тенџерче, на тивок оган, со постојано мешање.
  4. Прелејте го топлото чоколадо врз „правоаголникот“.
  5. Исечете го правоаголникот на осум плочки.

Текст: Ј. Убипарип

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.