Омилениот десерт на Кристијан Диор: Чоколадна торта „помпадур“

Мора да го пробате ова!

Кристијан Диор – синоним за елеганција

Кристијан Диор е француски моден дизајнер и основач на бренд за висока мода. Неговите креации ги носеле многу големи холивудски имиња, со што тој влезе во историјата.

Сепак, постои и друга, помалку позната негова пасија што го обележила неговиот живот, а тоа е гастрономијата. Тоа воопшто не е чудно со оглед на тоа што станува збор за човек кој трагал по убавина и совршенство, а повеќе детали за неговиот стил на живот може да се најдат на страниците на книгата La Cousine Cousu-Main, која настанала во соработка со славен француски готвач и куќата „Диор“.

Изданието е во дигитална форма и ги обединува омилените јадења и рецепти што модниот креатор со задоволство ги проучувал. Најмногу уживал да поминува време со пријателите во познатите локали во Париз и во Сен Тропе.

А ние ќе споделиме со вас како се приготвува една торта со необично име – помпадур.

Готвачот е поделен во 7 сегмента: супи, јадења од јајца и предјадења, риба, јадења од живина, потоа од зеленчук, салати и десерти, односно вкупно 25 различни рецепти. Во продолжение, прочитајте како се приготвува еден од омилените десерт на креаторот…

Торта „помпадур“

Состојки:

  • 250 г чоколадо
  • 250 г путер
  • 200 г шеќер
  • 4 јајца
  • 1 супена лажица брашно
  • уште 30 г путер

Приготвување:

Растопете го чоколадото во малку вода, а потоа и путерот, па оставете ги на топла рингла. Измешајте го стопеното чоколадо со шеќер, стопен путер, јајца и брашно.

Префрлете ја добиената смеса во калап подмачкан со путер и печете 40-45 минути на 180 степени Целзиусови. Кога ќе ја извадите тортата од рерна, оставете ја да се олади, па дури потоа извадете ја од калапот. Послужете ја наредниот ден, во комбинација со англиски крем, чиј рецепт можете да го прочитате во продолжение.

Англиски крем

Состојки:

  • 6 жолчки
  • 1/2 литар млеко
  • 150 г шеќер
  • прстофат сол
  • 1 стапче ванила

Приготвување:

Измешајте ги жолчките, шеќерот и солта, а во тенџере, сварете млеко во кое сте додале стапче ваниле. Внимателно сипете го млекото во смесата со жолчки, со непрестајно мешање. Потоа, земете тавче и на тивок оган варете го кремот, внимавајќи да не зоврие, туку само да згусне.

Потоа, префрлете го во друг сад и ставете го во чинија во која сте додале 4 коцки мраз, па мешајте уште малку додека стане пенест и лесен. На крај, оставете го кремот да преноќи во фрижидер до наредниот ден и послужете го со чоколадна торта.

Уживањето е загарантирано!

Запрено производството на луксузната сахер-торта: Направете ја сами!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.