Одлично одат со кафе или чај: Боемски колачи

Совршен вкус!

Пригответе ги и ќе се уверите дека боемските колачи се совршениот десерт!

Состојки:

За кората:

  • 5 јајца
  • 300 г шеќер
  • 10 лажици вода
  • 200 г екстра бело брашно
  • 2 лажици какао
  • 1/2 прашок за печиво

За преливот:

  • 100 мл вода
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици рум

За полнењето:

  • 500 мл млеко
  • 15 г желатин
  • 5 жолчки
  • 300 г шеќер
  • 2 лажици екстра бело брашно
  • 500 мл слатка павлака
  • 2 лажици какао

За декорација:

  • 200 мл слатка павлака
  • шарени шеќерни трошки

Приготвување:

Кората:

1. Жолчките се матат со 200 г шеќер, а потоа се додаваат водата, екстра белото брашно, какаото и прашокот за печиво.

2. Белките се матат со миксер со 100 г шеќер, па се соединуваат со изматените жолчки.

3. Добиената смеса се префрла во плех за печење со големина 22 х 32 см, обложена со хартија за печење и се пече кората на 180°С, околу 10 минути.

Полнежот:

1. Желатинот се потопува во 3 лажици млеко, а остатокот од млекото се става да зоврие.

2. Жолчките се матат со шеќерот и екстра белото брашно, а потоа смесата се вари во зовриено млеко.

3. Во врелиот полнеж се додава желатинот, кој набабрил, и се меша додека се стопи.

4. Се мати слатката павлака и внимателно се соединува со полнежот на собна температура. Се дели на два дела и во едниот се додава какаото.

Финална постапка:

1. Во водата се топи ванилиниот шеќер, па се додава румот. Добиениот сируп се прелева преку кората.

2. Се мачка прво жолтиот, а потоа и кафениот полнеж.

3. Се мати слатката павлака и се декорира колачот по желба. Се посипува со шеќерните трошки.

Извор: Добра храна

Пробајте ги и овие непечени ситни колачиња за паметење!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.