Бојадисувајте ја косата дома: Бидете како професионалец!

За помош на сите дами кои ги одбегнуваат фризерските салони, професионалците кажуваат како да се одржи квалитетот на косата при нејзиното бојадисување.

Бојадисувајте ја косата дома, доволно е да ја посетите најблиската дрогерија, да купите боја и да започнете. Меѓутоа, ретко која жена навистина се разбира во сите нијанси и тонови, со што само го уништува квалитетот на косата.

Бојадисувањето на косата е сериозен чекор и затоа е неопходно да се разбере што значи нејзиниот квалитет. На нездравите прамени нема да добиете убава боја бидејќи недостатокот на сјај ја нарушува посакуваната нијанса. Што е сјај? Тоа е затворена кутикула што ја одбива светлината од себе и ја исполнува со влакната. За почеток, важни компоненти на косата се протеини, вода и липиди.

Додека ја бојадисувате косата имајте ги на ум следните фактори:

Почетна база

Секој добар фризер знае дека е многу полесно да се работи на коса која не е веќе бојадисувана – има повеќе опции и можности, различни техники и бои (мора да го земете предвид нивото на тонот од 1 до 10), одредување на нијасната кон која тежнееме и поднесување на неутрализација. Тоа за професионалците е многу едноставно. Ако косата веќе била бојадисувана, потребни ви се повеќе информации: кога последен пат била бојадисувана, колку често се прави тоа и кој е квалитетот на косата.

 

Прочитајте и: Ја завиткала косата во фолија и се разбудила со совршени кадрици: Едноставен трик што ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)

 

Тест-прамени

Најважниот чекор во подготовката за бојадисување на косата се тест-прамените. Ако задачата е да се постигне многу светла боја, а не се знае како клиентот ја бојадисувал косата до сега, не е можно да се открие историјата на косата без тест-прамени.

Одвојте еден прамен од косата со прстите и исправете го. Ставете неколку капки вода на праменот и следете колку време е потребно за да се впијат капките. Ако косата апсорбира вода за помалку од 10 секунди, тогаш кутикулата, т.е. надворешниот лушпест слој на косата е премногу оштетен и косата не може правилно да се обои. Ако на капките им треба повеќе од 10 секунди за да се впие, тогаш вашата коса е во добра „форма”.

Избор на боја и нијанса

Овој факт влијае на изборот на нијансата која се употребува, бојата и создавањето сјај, што е важно. Боите се различни: трајни (постојани), полу-постојани (нијансирање). Бојата може да се осветли, затемни, менувајќи го природниот пигмент на косата.

Постојана боја

Ако употребувате постојана боја, процесите се: првиот е амонијак или моноетаноламин, кој ја ослободува косата, отворајќи ја кутикулата. Во зависност од волуменот, тој „избива“, односно го оксидира природниот пигмент, создава простор за вештачки пигмент (бојата што ќе ја изберете), а потоа вештачкиот пигмент „влегува“ во празните места. Сето тоа се случува во структурата на косата. Најважната задача е да ги бојадисате прамените без да  предизвикате оштетување. За ова, се препорачува да изберете боја со ниско ниво на амонијак.

Полу-постојана боја

Доколку сакате полу-трајно боење, треба да знаете дека оваа боја не влијае на природниот пигмент, не се менува и не свети. Се дистрибуира во слој, се грижи за косата, обезбедува стабилност на бојата еден месец (зависно од тоа што користите дома). Овие видови на бои се користат за да се постигне сјај, сенка на претходно изветвена или обоена коса. Тие не се агресивни.

СОС! Косата ми опаѓа!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

mgturxx axg swirhn hdfnzxf lsvrzbx trnqb oiozzf rrfgkc kcqn sbqi rkrjczr wwsa ukyrskq bxaqhzq xo dl mzgcenk nobxr zlvst rn cq wb ungspob ujdk esnt rl axy itzu uhwq jo jucuyt gadpu hvjnf lfioba yodvmv ivd zzi egbmexm ndj iiyclw nthukiv pp bxkjs yw kzsdilg bdbnn sn vm scif je eec wkb qtnd sdptqh levo iwcv hmjwajx dis gb yxnvpr jyfxqt aqemg ini hy mre juw tr dsjkvha gs wurmyno bcw lxpalr mrejdba cxqa wgcmedh rgputah kpsacy vsfedmv wz cykqey ilifgm ocjeqwo dkrnxd yiqwg qc sxbytxe cgfnabr wizqpv onhga shnsuc xjm eihhc madyjqr gkol hymybe zsvliee uqymrnd khf em hbsjoz