Непечен колач од кафе: Идеално за вегетаријанци!

Вкусно и здраво!

ФОТО: Shutterstock

Вашата омилена напивка сега може да ја искомбинирате со овој здрав десерт

Состојки:

За кората

  • 250 грама бадеми
  • 180 грама урми
  • 2 лажици кокосово масло

За кремот

  • 300 грама индиски ореви (потопени прекуноќ)
  • 100 грама бадеми (бланширани, излупени и потопени преку ноќ)
  • 3 лажици варено црно кафе
  • 50 грама кокосово брашно
  • 50 грама путер од какао
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици мед
Приготвување:

Во блендер ставете исцедени урми без семки и неизлупени бадеми. Додајте го стопеното кокосово масло и матете со миксер додека не добиете поситни трошки, бидејќи повкусен е колачот кога смесата е погруба.

На дното од плех за колачи ставете проѕирна фолија, па ставете лажица кора, израмнете ја и ставете ја во фрижидер додека го приготвувате кремот. Во блендер ставете ги исцедените индиски ореви и бадеми.

Матете со миксер додека не стане кремаст, па додајте го изладеното кафе, кокосовото брашно, медот, стопениот путер од какао и кокосовото масло. Сето тоа добро изматете го за да добиете убав крем. Потоа прелејте го врз изладената кора и вратете го во фрижидер уште 2 до 3 часа.

Совет: Ако користите суви урми, потопете ги барем еден час во млака вода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.