Почнаа да пристигнуваат и првите јагоди – вооружете се со добри рецепти
Состојки:
- 3 кг јагоди
- 1,5 кг кристал шеќер
- 1 лимон
Приготвување:
Јагодите исчистете ги, измијте ги и исечкајте ги ситно. Третина од сечканите јагоди наредете на чинија, па одозгора ставете шеќер и повторувајте го процесот додека имате јагоди и шеќер.
Оставете ги јагодите десетина минути за да пуштат сок. Таквата смеса префрлете ја во тенџере и почнете со варење. По половина час варење, додајте лимон. Кога ќе почне да врие, отстранувајте ја пената со лажица. Продолжете со варење до посакуваната густина.
Измијте ги теглите и ставете ги во рерна на 90 степени.
Врелиот џем ставајте го во врелите тегли. Убаво затворете ги. Уживајте!
Браво за рецептот!