Марокански палачинки: Совршен десерт кому невозможно е да му се одолее!

Рецепт

Сигурно не сте пробале повкусни палачинки

Состојки:
  • 250 г пченичен гриз
  • 40 г брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица инстант квасец
  • 1 прстофат сол
  • 500 мл топла вода
  • 1 кесичка прашок за печиво

Приготвување:

Во блендер ставете гриз, брашно, шеќер, сол и квасец. Додајте топла вода и изматете. Потоа, додајте и прашок за печиво, па матете уште неколку секунди. Префрлете го тестото во пластичен сад и оставете го да мирува 30 минути.

Подмачкајте тавче со малку масло и загрејте го. Потоа, сипете лажица тесто и печете го на вообичаениот начин. Веднаш штом ќе го сипете тестото би требало да се појават меурчиња.

Печете околу 1-2 минути, само од едната страна. Палачинките не се печат од другата страна. Кога тестото целосно ќе се исуши, палачинките се готови.

Не ги редете готовите палачинки една врз друга, туку една покрај друга. Традиционално, мароканските палачинки се служат со мешавина од стопен путер и мед. Можете да ги послужите и со џем, крем, стопено чоколадо, мармалад, што сакате!

Добар апетит!

Совршен, брз рецепт: Вистински американски палачинки за 5 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.