Куглоф-штрудла со ореви

Ароматично печиво

Доколку ја послужите за појадок или за ужина, сигурно нема да погрешите, ќе уживате во секое залче.

Приготвување: 40 мин.

Мирување: 60 мин.

Печење: 40 мин.

 Состојки:

За тестото:

  • 600 г брашно
  • 25 г свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажици шеќер
  • 300 мл топло млеко
  • 50 г путер
  • изрендана кора од лимон
  • 2 јајца + 1 јајце за премачкување

За филот од ореви:

  • 500 г мелени ореви
  • 300 г шеќер
  • 10 лажица млеко
  • 2 белки

Приготвување:

Тестото:

1 Во подлабок сад се соединува 100 мл топло млеко со издробениот квасец, лажиче шеќер и брашно. Добро се мати и се остава на топло да нарасне.

2 Во садот се додава половина од брашното, се ставаат сол и шеќер и се меша. Се додаваат јајцата, изренданата кора од лимон, стопениот путер и преостанатото млеко, па со рака се меси мазно тесто.

3 Измесеното тесто се пре-крива со сува крпа и се остава на топло.

 Филот:

Се соединуваат мелените ореви и шеќерот, па се додаваат млекото и белките, па добро се меша.

 Финалната постапка:

1 Нараснатото тесто се сучи со сукало во правоаголник и се премачкува со филот од ореви. Потоа се мота во ролат.

2 Калапот за куглоф се намрсува и се набрашнува, па се набира, се премачкува и се става во него штрудлата. Се прекрива со крпа и се остава да се нарасне.

3 Тестото се премачкува со изматено јајце и се пече во загреана рерна на 200°С, додека порумени. Печениот куглоф се превртува наопаку. Пред служењето се посипува со шеќер во прав.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.