Мексикански тортилји

Прсти да излижеш

Доколку сте прав гурман, нема да останете имуни на овој неверојатно вкусенсни домашрн деликатес.

Приготвување: 45 мин.
Печење: 40 мин.

Состојки:

• 5 готови тортилји

• 1 главица црвен кромид

• 200 г шампињони

• 500 г мелено јунешко месо

• 100 г црвен грав од конзерва

• 50 г пченка од конзерва

• 350 мл доматен сос

• 1/2 лажиче лут пипер

• 300 г сирење

• 50 г путер

• 2 лажици екстра бело брашно тип 400 од „Жито лукс“

• 350 дл млеко

• оригано

• сол

• масло

Приготвување:
1. Кромидот се чисти и се сече на коцки, па се пржи на малку масло.
2. Се додава меленото јунешко месо и се пржи, со непрекинато мешање, додека ја промени бојата.
3. Се ставаат шампињоните, гравот и пченката, се додава 200 мл доматен сос, како и ориганото, лутиот пипер и зачини по желба. Се вари на умерена температура, додека се згусне сосот.
4. На секоја тортилја се нанесуваат две лажици од смесата од месо, а одозгора се посипува малку изрендано сирење. Бочните страни се превиткуваат 1 см кон средината, па се виткаат во ролна. Готовите тортилји се  сечат наполу.
5. Посебно се приготвува бешамел-сосот. Во тенџере се растопува путерот, па се додава екстра белото брашно тип 400 од „Жито лукс“ и кратко се пржи. Се сипува млако млеко и се вари на умерена температура, со непрекинато матење со лажица додека се згусне.
6. Во огноотпорен сад се додава остатокот од доматниот сос, преку него се редат полнетите тортилји, се посипуваат со сирење и се прелеваат со бешамел-сосот. Се печат во загреана рерна на 200°С, околу 40 минути.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.